Економија, финансии, бизнис

Контакт

Супербогатите го напуштаат Дубаи: Каде инвестираат милионерите и милијардерите сега?

Супербогатите го напуштаат Дубаи: Каде инвестираат милионерите и милијардерите сега?

Глобалните политички тензии и конфликти ги тераат најбогатите луѓе во светот да бараат нови „сигурни пристаништа“ за живот и инвестиции. Дубаи и поширокото подрачје на Обединетите Арапски Емирати, кое долги години важеше за центар за богати инвеститори, веќе не го ужива статусот на недопирливо место поради нестабилноста на Блискиот Исток.

Податоците од швајцарската консултантска компанија Henley & Partners, во соработка со аналитичката фирма AlphaGeo, покажуваат дека бројот на барања за нови државјанства и инвестициски визи од страна на жителите на Емиратите пораснал за 41% во првиот квартал од годинава, додека интересот за „златни визи“ паднал за 14%.

Најголем раст се забележува во европските земји: Грција бележи зголемување од 61%, Италија 43%, а Малта 38%. Малиот остров Нуру, со можност за добивање државјанство преку инвестиција од околу 130.000 долари, доживеал скок на интересот од 200%.

Супербогатите инвеститори сега не бараат само една држава, туку комбинација на повеќе „сигурни пристаништа“ кои нудат стабилност, безбедност и пристап до глобални пазари. Традиционални сигурни земји како Швајцарија, скандинавските држави и Сингапур остануваат на врвот, додека држави погодени од војни и санкции, како Белорусија и Украина, се најголеми губитници.

Стручњаците предупредуваат дека геополитичките кризи сè повеќе влијаат на финансиските одлуки на најбогатите и на изборот на држави за инвестирање и чување капитал.


Слично

Поврзани вести