СУМИРАНИ РЕЗУЛТАТИ ОД 100 ДЕНА ВЛАДА: Почна ли нова ера во политиката?
Владата денеска објави публикација по повод 100 дена од работата во која се наведуваат сумираните резултати од она што го направиле сите министерства поединечно.
„Резултатите се постигнати после исклучително сложена и кризна ситуација во нашата земја. Со новата влада во РМ почна нова ера во целосно нова политичка околина во која доминира транспарентноста, одговорноста и политиката која е од интерес за сите граѓани“, се наведува.
Се додава дека мерките на штедење кои се зацврстени во ребалансот покажуваат зголемен прилив на средства во буџетот.
Меѓудругото се потсетува дека е тргната и ознаката на тајност од сите документи кои се однесуваат на трошење на народните пари.
Слично
