Економија, финансии, бизнис

Контакт

Сулејман Реџепи: Косовците кои ги уапси полицијата не се напаѓачите на мојот син

Сулејман Реџепи: Косовците кои ги уапси полицијата не се напаѓачите на мојот син

Поранешниот поглавар на Исламската верска заедница, Сулејман Реџепи, во интервју за Лајм изјави дека двајцата Косовци кои полицијата ги уапси кај Качанички пат не се напаѓачите на неговиот син.

. “Мојот син ги виде нивните слики и е сигурен дека тие не се напѓачите.Напаѓачот бил сам. Одредено време го следел син ми со кола без таблици, и кога тој застанал да го праша зошто го следи, пукал три пати“, рече поранешниот реис.

Пред два дена во населбата Ѓорче Петров во Скопје неговиот син Зеглул Реџепи, инаку инспектор во МВР, беше застрелан во ногата. Реџепи вели дека тој се здобил со лесна повреда на ногата.

„Автомобил без регистарски ознаки го следел син ми. Бидејќи е вработен по професија во МВР, го забележал и застанал културно да го праша зошто го следи, но тој се свртел кон него и испукал три куршуми. Еден куршум се вратил откако удрил во автомобилот и полесно ја повредил ногата. Синот денес ја напушти болницата и се врати дома“, изјавил Реџепи.

Тврди дека неговото семејство немало нерасчистени сметки со никого и побара од полицијата да го открие мотивот за нападот.

„Не знаеме која е позадината. Сторителот мора да ја искаже намерата откако ќе се уапси. За нас несомнено е дека станува збор за нарачано дело, но случајот го оставивме во рацете на надлежните органи. Сторителот откако го изврши злосторството, автомобилот го оставил на улицата „Радушка“, за да го однесе до рампата во Сарај и да избега со друг автомобил”, детализира Реџепи.


Слично

Поврзани вести