Економија, финансии, бизнис

Контакт

Сугаревски: ВМРО-ДПМНЕ не сака извештајот на Зврлевски да се разгледа

Сугаревски: ВМРО-ДПМНЕ не сака извештајот на Зврлевски да се разгледа

Горан Сугаревски од СДСМ денеска обвини дека ВМРО-ДПМНЕ прави сè само за извештајот за работата на Основното јавно обвинителство на Марко Зврлевски да не дојде на ред.

Обвинетиот Никола Груевски и неговите послушници увидоа дека вистината ќе исплива и прават сè да не продолжи собраниската Комисија за политички систем, изјави Сугарески.

„ВМРО-ДПМНЕ не сака извештајот на Марко Зврлевски никогаш да  се разгледа. Неговиот извештај требаше да биде прв, а втор на СЈО. Од утре е Буџетот на седница. Потоа влегуваме во роковите за распуштање и седницата на оваа Комисија им е тенденција никогаш да не се одржи, а тие ќе тврдат дека некој бега од седницата“ - вели Сугаревски.

Вели дека на Груевски и Тодоров, Коце Трајановски, Владо Мисајловски и низа други мора да им биде јасно дека одговорност ќе има. 


Слично

Поврзани вести