Економија, финансии, бизнис

Контакт

Сугаревски и Тимоние: Ако има докази за „Актор“ правдата ќе биде задоволена

Сугаревски и Тимоние: Ако има докази за „Актор“ правдата ќе биде задоволена

Горан Сугаревски како нов министер за транспорт и врски Горан Сугарески заедно со амбасадорот на Република Франција во Македонија Кристијан Тимоние ја посетија фирмата Ежис во Демир Капија, која е надзорен орган за изградбата на автопатот од Демир Капија до Смоквица, а посочија дека ќе чекаат на истрагата да докаже дали со „Актор“ во Македонија имало злоупотреби.

– И грчкото обвинителство е заинтересирано за случајот, побарана е казна од 50 милиони евра. Како Министерство и Влада, доколку се докаже дека постои вина во целата ситуација, ќе ги преиспитаме односите со таа компанија, додаде Сугарески.

Тимоние бил задоволен од работата на францускиот конзорциум „ЕЖИС Интернационал“, кој е назначен како надзорен орган за проектот за изградба на оваа автопатска делница.

– ЕЖИС спроведе извонредна работа која веќе е при крај и која најверојатно ќе има силни ефекти врз македонската економија, затоа што автопатот ќе значи премин и поврзување од Салцбург до Солун – изјавил Тимоние.

Одговарајќи на новинарско прашање околу истрагите што ги поведе грчкото обвинителство за грчкиот изведувач „Актор“ кој го градеше автопатот, францускиот амбасадор рече дека за нив тоа што е најважно е работата на француската компанија.

– Таа е надлежна за квалитетот на материјалите, како надзор. Под кои услови бил потпишан договорот, тоа воопшто не е во моја надлежност. Оставам правдата да си ја врши својата работа – изјави Тимоние.

На средбата, како што изјави Сугарески, биле запознати дека има проблеми со сигнализацијата на автопатот, а како дополнителен проблем се јавувал и еден далекувод од МЕПСО кој треба да биде дислоциран.

– Контролниот центар треба да биде направен во Неготино со цел да профункционира сигнализацијата која е поврзана со тунелите и автопатот да биде пуштен во употреба до 1 ноември кога е крајниот рок, изјави министерот Сугарески.

Прашан колку чини изградбата на автопатот, Сугарески рече дека во наредниот период ќе ја објават точната сума за во јавноста да не се шпекулира со бројки.


Слично

Поврзани вести