Сугарески: Становите за мигранти се жестока манипулација на ВМРО-ДПМНЕ за да внесе страв
Mинистерот за транспорт и врски, Горан Сугарески денеска изјави дека ниту кампови ниту станови нема да се градат за мигранти и бегалци.
„Само во замислата на ВМРО-ДПМНЕ за да направи манипулација со гласачкото тело на локалните избори, најавуваат беглаци и мигранти и изградба на кампови и станови. Тоа одговорно го тврдам како министер за транспорт и врски кој треба да ја познава темата. Ова е жестока манипулација на ВМРО-ДПМНЕ за да внесе страв меѓу населението“- вели Сугарески.
Министерот денеска беше во посета на реставрираната спомен куќа на Блаже Конески во селото Небрегово.
Претходно и министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска во неколку наврати изјави дека нема да се градат станови за мигранти и бегалци. Од ВМРО-ДПМНЕ тврдеа дека тоа е предвидено со стратегија, а во некои општини за ова прашање се бараше и организирање на референдум.
Слично
