Сугарески: Ја почитувам секоја одлука на премиерот
Горан Сугарески, министерот за транспорт и врски, денеска изјави дека ќе ја почитува секоја одлука на премиерот Зоран Заев во контекст на најавите дека ќе има реконструкција на Владата во смисла на разрешувања и ротации на функционери.
Сепак, самиот министер не очекува да биде помеѓу оние кои ќе бидат заменети. Ова Сугарески го одговори на новинарско прашање при увидот на реконструкцијата на регионалниот пат Таор – Драчево.
– Искрено не очекувам. Меѓутоа ќе ја почитувам секоја одлука на премиерот врз база на неговите анализи што ги прави за мојата работа, истакна тој.
Слично
