Економија, финансии, бизнис

Контакт

Сугарески: Има многу крупни проекти, уверен сум дека Бочварски силно ќе им се посвети

Сугарески: Има многу крупни проекти, уверен сум дека Бочварски силно ќе им се посвети

Досегашниот министер за транспорт и врски, Горан Сугарески, и јавно му честита на неговиот наследник, штипскиот градоначалник Благој Бочварски, за новата функција во извршната власт, изразувајќи увереност дека силно и посветено ќе работи на крипните проекти.

„Развојот на нашата земја не застанува, има многу проекти кои треба допрва да се работат и уверен сум дека идниот министер Благој Бочварски исто така силно и посветено ќе продолжи со реализација на сите тие крупни капитални проекти во министерството. Нашата визија за силна европска држава не застанува, напротив сега сме уште повеќе мотивирани да го продолжиме патот на просперитетот за сите граѓани.....“, пишува Сугарески на својот фејсбук профил.

Претходно Сугарески пишува дека чесно и транспарентно ја извршувал функцијата.

„...Се гордеам што бев активен и непосреден учесник во процесите за создавање нови вредности и перспективи за нашата држава. Со силна посветеност, чесност и транспарентност работев во изминатиот период и верувам дека таквата работа остави белег во ресорот што го водев. Ги реализиравме историски најголемите инвестиции во патната и комуналната инфраструктура, во гасификацијата, во станбено- социјалната политика...   Нема подобар стимул од тоа кога ќе видите задоволни жители на еден град, на село или населба од изграден пат, канализација или водовод или некој друг значаен проект со кој сме го олесниле нивното живеење.... Благодарност за укажаната чест да бидам Министер во Влада и во Министерството кое реализира голем дел од капиталните проекти, а сакам да изразам и јавна благодарност до вработените од Министерството за транспорт и врски за соработката и поддршката што ми ја дадоа“, напиша Сугарески на фејсбук.

Вчера Сугарески за Фактор изјави дека останува да ги поддржува политиките на неговата СДСМ и дека се разговара за негов можен иден ангажман во извршната власт, но засега е рано да се каже било што.

Благој Бочварски, пак, вчера на пресконференција изјави дека ќе биде успешен и на таа позиција, затоа што, како што нагласи, се покажал и како добар архитект  и градоначалник на општина Штип.

Слично

Поврзани вести