Сугарески го одработи последниот ден како директор на Царина, од утре ќе се бори за градоначалник
Горан Сугарески денеска го мина својот последен работен ден како директор на Царинската управа, откако во меѓувреме реши да си даде оставка поради внатрепартиската кандидатура во СДСМ за градоначалник на Прилеп на локалните избори во октомрви.
„Ми беше чест и задоволство да бидам директор на една ваква институција како што е Царинската управа. Почитувани колеги, Искрено Ви посакувам успешна работа во периодот кој следи. Знам дека сите заедно како тим ќе успеете во унапредувањето на институцијата и Царинската управа ќе остане да важи за водечка царина во регионот, целосно усогласена со стандардите на Европската Унија.
Ви благодарам на сите за коректната меѓусебна соработка која ја имавме изминатиов период“, напиша поранешниот пратеник и министер за транспорт и врски.
Според најавите, утре СДСМ ќе ги објави првите 20 имиња како кандидати за градоначалници на локалните избори.
Слично
