Сугарески го налути Мерко, ама со плажите ќе менаџира државата
Се поизвесно е дека со плажите ширум држава во иднина ќе управува државата.
Ова станува јасно од новите измени на Законот за просторно и урбанистичко планирање кои добија амин од Владата а сега ќе треба да го поминат собранискиот филтер.
Според кажаното од министерот Горан Сугарески кој токму поради одземање на надлежностите врз плажите влезе во конфликт со Рамиз Мерко кој е на чело на општина Струга.
Сугарески вели дека оваа новина доаѓа како резултат на лошото менаџирање со плажите во минатото, но сепак ингеренциите над градежното земјиште ќе останат на општините.
„!Предлогот до Собранието може да го поднесе Министерството за транспорт и врски преку Владата или пратениците. Тоа се прави заради подобро менаџирање со плажите. Проценка на сите е дека тоа треба да го прави државата, а не општините“ кажа Сугарески .
