„СУДСТВОТО И ОБВИНИТЕЛСТВОТО- РАК РАНА НА МАКЕДОНИЈА“: Се огласи професорката Каракамишева
Со оглед на тоа што изминатиот период актуелно е судството и реформите кои се потребни за негово независно функционирање, се огласи професорката Тања Каракамишева, која даде свој предлог како да се почнат реформите и како судството да се реформира.
„Судството и обвинителството како рак рака на Македонија.
Законските решенија и вечните реформи не се лек за болеста наречена 3% граѓанска доверба. Наместо дебати за вртење во круг предлагам: јакнење на институционалните капацитети за обезбедување внатрешна судска независност, јакнење на капацитетите на телото за контрола на судската етика и на Здружението на судии, засилена контрола врз работата на секој судија и обвинител од страна на Судскиот и Обвинителскиот совет кои треба сериозно да се реформираат, стриктно почитување на Бангалорските принципи во судското однесување, засилување на интегритетот на судиите и обвинителите и отстранување на поданичката култура, "црни листи" за судиите и обвинителите кои работат неетички, неодговорно и противзаконско/ кривична одговорност, целосна дигитализација на судските постапки со воведување "тракер" на предметите и можност секоја заинтересирана странка да има целосен увид за текот на предметот, забрзување на постапките и целосна примена на судската пракса на ЕСЧП во системот. Како за почеток, владеење на правото!“ напиша таа на фејсбук.
