Судските преведувачи ќе мора да набават печати со новото уставно име
Судските преведувачи добија известување од Министерството за правда дека треба да набават нови печати со новото уставно име согласно Преспанскиот договор.
- Министерството за правда ги известува сите поставени постојани судски преведувачи дека согласно Амандманот XXXIII на Уставот на Република Македонија потребно е да направат промена на печатите за постојани судски преведувачи и наместо ‘Република Македонија’ да стои името ‘Република Северна Македонија’, се вели во известувањето од таму.
Во соопштението се додава дека не е потребно да се прави промена во решенијата кои се издадени од страна на Министерството за правда во делот на уставните амандмани кои претрпеа промена.
Слично
