Економија, финансии, бизнис

Контакт

Судскиот спор Заев-Цветковски повторно одложен, во петок завршни зборови

Судскиот спор Заев-Цветковски повторно одложен, во петок завршни зборови

Ново одложување на судското рочиште е донесено денеска во судот во Куманово каде се води случајот против Зоран Заев по приватната тужба на Виктор Цветковски поранешен член на СДСМ, а сега секретар на ГДОМ. 

Судењето денес беше одложено бидејќи адвокатот на одбраната Мирослав Вујиќ не можел да присуствува бидејќи учествувал на јавна седница на Апелациониот суд во Битола. Се очекува во петок инволвираните страни да ги дадат своите завршни зборови. 

Цветковски поведе тужба против лидерот на СДСМ Заев и претседателот на кумановскиот огранок на СДСМ Мартин Костовски поради објавување на прислушуваните разговори во бомбите. Пред судот Заев и Костовски се изјаснија дека не се виновни за делото за кое се товарат. 

Слично

Поврзани вести