Економија, финансии, бизнис

Контакт

Судскиот совет ја разреши судијката Лидија Неделкова

Судскиот совет ја разреши судијката Лидија Неделкова

Судскиот совет на последната седница донесе одлука да ја разреши врховната судијка Лидија Неделкова. Ваквото решение е донесено по претстапка од сега веќе разрешениот судија Јово Вангеловски.

Неделкова претходно коментираше дека претставката не била поврзана со непостапување по одреден предмет, туку поради меѓусебна нетрпеливост.

„Се работи за една од повеќето пријави кои поранешниот претседател на Врховниот суд, Јово Вангеловски, ми ги поднесуваше поради нетрпеливост околу еден случај. Таа постапка нема никаква врска со некакви предмети или незаконско постапување“, изјави Неделкова минатиот месец.

 Судскиот совет минатата недела ја одбра Беса Адеми за претседателка на Врховниот суд, а Неделкова беше една од тројцата кандидати за оваа функција.


Слично

Поврзани вести