Економија, финансии, бизнис

Контакт

Судскиот совет ја предлага Мери Дика-Георгиевска за судија во Уставниот суд

Судскиот совет ја предлага Мери Дика-Георгиевска за судија во Уставниот суд

Судскиот совет ја предлага Мери Дика-Георгиевска за судија на Уставниот суд. 

На денешната седница 10 членови на Судскиот совет гласаа „за“, еден беше против, а судијката Антоанета Димовска се иззеде од точката на дневен ред.

Судиите, членови на Судскиот совет, кои ја поддржаа кандидатурата на Дика-Георгиевска, рекоа дека таа ги исполнува сите услови за уставен судија, дека станува збор за професионалец кој има познавање на судовите од прв степен до највисоките судови, има личен и професионален интегритет, долгогодишно искуство, а дала и придонес за развојот на стручната и теоретската мисла и на правниот систем.

Судијката Елизабета Дуковска не ја доби поддршката од членовите на Судскиот совет, поради недоволен број години работно искуство.

Уставниот суд го сочинуваат девет судии. Претседателот го избира Судот од редот на судиите за време од три години, без право на повторен избор. Судиите ги избира Собранието за време од девет години без право на повторен избор. 

Слично

Поврзани вести