„СУДСКИ СОВЕТ НЕ Е ПРИВАТЕН ПРОФИЛ СО СТАТУС ШТО МИ ЛЕЖИ НА ДУША“: Милески со остра критика 'институционален инфлуенсер'
Одлуката да се пушти Артан Груби во куќен притвор, ја разбранува јавноста, а во дебатата се вклучени скоро сите, од инситуции, до општествени критичари.
На критиката на министерот за правда Филков, дека бара одговорност за ова дело и дека бара да се свикаат Советот на судии и советот на јавни обвинители, реагираше адвокатата и член на Судскиот совет, Сузана Јошевска Анастасовска.
Но, и на нејзината порака дека судијата нема право да изрече друг тип на мерки освен тоа што епобарано од јавен обвинители, реагираше Роберт Милески, кој исто така важа за жесток критичар на општествените случувања.
- Секако, институциите постојат за да комуницираат институционално - освен кога поединци ќе одлучат дека Фејсбук ѕидот им е службен билтен. Тврдењето на Јошевска е точно, но уште поточно е дека Судски совет не е приватен профил со статус „што ми лежи на душа“.
Колку што е познато, Јошевска не е ниту портпарол, ниту претседател, ниту овластен гласноговорник на судскиот совет на Македонија. Освен ако во меѓувреме не сме вовеле нова функција: „институционален инфлуенсер“. Ако секој член зборува кога и како сака, тогаш не ни треба официјално соопштение - доволна е добра интернет конекција и инспирација во моментот.
Кога институцијата молчи, а членот зборува - проблемот не е во тишината, туку во улогите.
