Економија, финансии, бизнис

Контакт

СУДСКИ ПОЛИЦАЕЦ И ДОСТАВУВАЧ ОД КРИВИЧНИОТ СУД ОСОМНИЧЕНИ ЗА ПОТКУП - едниот доби притвор, другиот куќен

СУДСКИ ПОЛИЦАЕЦ И ДОСТАВУВАЧ ОД КРИВИЧНИОТ СУД ОСОМНИЧЕНИ ЗА ПОТКУП - едниот доби притвор, другиот куќен

На двајца судски службеници им е определен притвор под сомнение за сторено кривично дело примање награда за противзаконито влијание и помагање во извршувањето на делото, информираа денеска од Основниот кривичен суд.  

По предлог на надлежното обвинителство, судот на 9 април донел одлука на лицето Г.А.А. – судски полицаец да му определи мерка притвор во траење од 30 дена.

Судот оценил дека постои реална опасност од бегство, како и можност тој да влијае врз сведоци и докази во текот на постапката. Од Кривичен информираат дека ова решение е веќе правосилно бидејќи на него не била поднесена жалба.  

За лицето Ф.Џ. – судски доставувач на 22 април му бил одреден куќен притвор во траење од 30 дена иако обвинителството барало ефективен затворски притвор. 

Мерката куќен притвор е определена поради основано сомневање за помагање во извршување на кривичното дело. 

„При донесувањето на оваа мерка, судот утврди дека постојат околности што укажуваат на опасност од бегство, како и можност за влијание врз сведоци и докази. Против ова решение, јавниот обвинител има поднесено жалба до кривичниот совет на овој суд“,  велат од Кривичен. 

Посредувањето, како што велат од судот, требало да биде пред скопскиот Апелациски суд и пред Врховниот суд, а во врска со предмет за којшто скопски кривичен донел пресуда во која е изречена казна затвор во траење од една година за кривично дело неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или рапсрскувачки материи од член 396 став 1 од Кривичниот законик. 

Од Судот потенцираат дека, иако осомничените се нивни вработени, одлучувањето било во рамките на овој суд.  

„Бидејќи кривичното дело е од лепезата на дела кои се судат во Одделението за организиран криминал и корупција, а имајќи ја предвид судската пракса, судот не може да биде изземен“,  додаваат оттаму.

Слично

Поврзани вести