Судска медицина: човечката нога била во поодмината фаза на распаѓање
Човечката нога била во поодмината фаза на распаѓање откако екстремитетот бил пронајден кај куче скитник на влезот од гробиштата Бутел во Скопје, објави „Сител“ повикувајќи се на информации од Институтот за судска медицина.
МВР и Обвинитеството отворија случај, откако куче скитник најверојатно откопало човечка нога на најголемите македонски гробишта.
Синоќа на улицата „Боца Иванова“, на втората капија за влез на гробиштата „Бутел“, од страна на граѓанин било забележно како куче скитник влечело дел од човечко тело (нога).
Од страна на полициски службеници било излезено на местото на настанот и од страна на увидна екипа од СВР-Скопје бил извршен увид. По наредба на Јавен обвинител пронајдениот дел од човечкото тело било предадено во Институтот за судска медицина за натамошно вештачење.
