Економија, финансии, бизнис

Контакт

Судот забрани да се затвора македонското небо со штрајк

Судот забрани да се затвора македонското небо со штрајк

М-НАВ АД Скопје ја информира јавноста дека основниот граѓански суд Скопје денес донел решение со кое се усвојува предлогот  за изрекување на привремена мерка – забрана на најавениот штрајк од страна на Струковиот синдикат на контролори на летање ССКЛ-подружница на Независниот синдикат на работниците од сообраќајот и врските на РСМ Скопје.

Со оваа Одлука, Судот утврди дека најавениот штрајк е спротивен на законските одредби бидејќи не била спроведена постапката за мирно решавање на колективните споровои , како и дека штрајкот не произлегува од конкретни барања од работен однос.

„М-НАВ АД Скопје го поздравува решението на Судот и ја нагласува својата определба за почитување на законитоста, континуирано обезбедување на безбедност и непречено функционирање на воздушниот сообраќај во Република Северна Македонија“,објавија од „Македонски навигации“.

Вработените во контролата на летање најавија делумно или целосно затворање на македонското небо на 20 октомври во знак на протест против партиските вработувања без критериум кои непотребно се трупаат во ова тело познатомеѓудругото и по високите плати.


Слично

Поврзани вести