Економија, финансии, бизнис

Контакт

Судот уште не испратил допис до Собрание за повлекување на имунитетот на пратениците

Судот уште не испратил допис до Собрание за повлекување на имунитетот на пратениците

До овој момент судот уште не испратил допис до Собранието на Република Македонија за повлекување на имунитет на пратеници.

Ова го изјави пратеникот Павле Боговевски за дел од медиумите кој воедно е и претседател на Комисијата за деловничко и мандатно-имунитетни прашања

Според него, седницата на Комисијата би се одржала дури и без присуство на опозицијата бидејќи владејчкото мнозинство има доволно пратеници за кворум за работа.

„Веднаш штом ќе пристигне таков допис јас ќе ја закажам седницата на Комисијата, рекол Богоевски кој вели дека нема никаков коментар околу политичката димензија на случувањата.

„Тоа што можам да го кажам е дека врз основа на член 53 од Деловникот на Собранието ако и кога стигне допис од надлежен орган, што во овој случај е судот, ќе ја свикаме комисијата и ќе одлучуваме“, рече Богоевски.

Според процедурата, како што појасни тој, барањето прво треба да се достави до претседателот на Собранието.

Слично

Поврзани вести