Економија, финансии, бизнис

Контакт

Судот се сожали па го пушти Тошта дома по реанимацијата

Судот се сожали па го пушти Тошта дома по реанимацијата

Александар Јаневски, познат како Ацо Тошта, обвинет за обид за убиство на пратеникот Зијадин Села излезе од затворот во Шуто Оризари, потврди за „Макфакс“ неговиот адвокат.

Неговата одбрана побара „милост“ откако тој се онесвести за време на последното рочиште, а потоа беше пренесен во болницата 8-ми Септември за да биде реанимиран.

На обвинетиот му се слоши ненадејно кога разбра дека нема да добие преквалификација на обвинението, односно нема да добие полесно обвинение, како што беше случајот за други двајца во текот на рочиштето.

Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1 ја прифатил жалбата на адвокатот на Тошта кој навел дека на неговиот клиент сериозно му е нарушена здравствената состојба.


Слично

Поврзани вести