Економија, финансии, бизнис

Контакт

Судот одобри обвинение, започнува судење за изградбата на „белиот дворец“

Судот одобри обвинение, започнува судење за изградбата на „белиот дворец“

Спорната изградба на седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, таканаречениот „белиот дворец“, доби одобрен обвинителен акт од страна на Кривичниот суд и наскоро ќе започне судењето за случајот „Талир 2“ на СЈО.

Останува да се формира предмет и истиот да биде распределен на понатамошно постапување со закажан термин за главна расправа кај дополнително назначен главен судија.

Во овој случај поранешниот премиер Никола Груевски и владин секретар Кирил Божиновски овозможиле Бетон Скопје да ја изгради палатата „Христо Татарчев“ иако градежната компанија истовремено имала договори за јавни набавки со државни органи спротивно на законот за политички партии, законот за финансирање на политички партии и законот за облигациони односи.



Слично

Поврзани вести