СУДОТ НЕ ПОПУШТА: На екс началникот на УБК Грујевски ќе му се суди во отсуство
На поранешниот разузнавач Горан Грујевски ќе му се суди во отсуство.
Ова го одлучи судијката Лидија Петровска која ја одби одбраната на Грујевски да нема судење без екстрадиција.
Според одбраната, постојат правни пречки да му се суди на Грујевски во отсуство, бидејќи тој во Грција е лишен од слобода односно е во екстрадициски притвор.
Шврговски кој ја води одбраната на Грујевски вели дека судењето во отсуство не може да се реализира сè додека не заврши екстрадицијата.
Адвокатот се повикува на Законот за кривична постапка и рече дека доколку му се суди во отсуство ќе му биде повредено правото на одбрана. Тој бара главната расправа да се одложи на неопределено време, бидејќи не се знае кога ќе заврши процедурата за екстрадиција.
За СЈО, барањето на Шврговски е неосновано, бидејќи судењето во отсуство на Грујевски не му го ускратува правото да бара повторување на постапката.
Обвинителот од СЈО посочи дека станува збор за предмет директно поврзан со скандалот со прислушувањето.
