Судот не одобри ниту лекарот да сведочи во каква состојба е Кочан по сомнежот на СЈО
СЈО не верува дека Кочан е во здравствена состојба која ја претставува неговиот доктор и затоа побарале од судот да се испита медицинската документација. Исто така од СЈО побарале и лекарот кој е задолжен за негата на Кочан да сведочи и образложи неговата состојба пред истражен судија.
Барањето на обвинителот Габрил Бубевски од СЈО потоа било одбиено од судот и затоа е пристапено кон анализа на доказите според насоките на Врховниот суд кој го укина притворот. Според Бубевски, одлуката на Врховен претставува драматично кршење на уставните и законските принципи.
Одбраната на Кочан пак тврди дека бизнисменот е во сложена здравствена состојба и дека поради тоа тој бил надвор од државата.
Тој рече дека преку решението за притвор и известувањето на медиумите за состојбата на Кочан, се врши хајка против бизнименот. Судот треба во рок од шест часа да ја донесе одлуката дали ќе го прифати барањето на СЈО за определување на притвор за бизнсменот.
