Судот не ја прифати гаранцијата на Мијалков, останува во притвор
Сашо Мијалков останува во притвор во затворот Шутка. Основниот кривичен суд соопшти дека дека Судскиот совет одлучил да ја отфрли препораката на Обвинителството за поранешниот началник на тајната полиција Сашо Мијалков.
Инаку, Јавното обвинителство вчера препорача Мијалков да се брани на слобода во случајот „Трезор“, откако тој понуди гаранција од околу 10,8 милиони евра.
Мијалков е во притвор од 23 февруари кога првично избега, па се појави пред Обвинителството за да го земе решението за притвор, затоа што претходно по информации на обвинителката Вилма Русковска за можно бегство на Мијалков, судот му определи домашен притвор, но полицијата не успеа да го најде на домашна адреса.
Додека е во притвор за Мијалков беа донесени две првостепени пресуди, 12-годишна затворска казна за случајот со нелегалното прислушување „Тврдина-Таргет“ и 8 години затвор за случајот Трезор и нелегална набавка на софтвер за следење електронски комуникации.
