Судот не го поштеди: Нов притвор за бегалецот Груевски
„Титаник“ е предметот за кој екс премиерот Никола Груевски заработи нов притвор во времетраење од 30 дена.
Ова го соопштија претседателот на Судечкиот совет Осман Шабани кој кажа дека Советот донел одлука на обвинетиот да му се одреди мерка притвор во траење од 30 дена, сметано од денот на неговото пронаоѓање.
Мерката притвор беше побарана на минатото рочиште од страна на обвинителката на СЈО Лиле Стефановска. Претходно, Судот одлучи на Груевски да му се суди во отсуство.
Денешното рочиште за „Титаник“ продолжи со читање на СМС пораки. Најголем дел од СМС пораките што се презентираат во судница се меѓу обвинетите Миле Јанакиески и Гордана Јанкулоска и се однесуваат на организирање на гласачи од дијаспората за изборите во 2011 година.
