Судот наредил да се обезбеди видео снимка од општинската зграда во Кавадарци
Судија издал наредба за одземање на видео запис од општинската зграда во Кавадарци по претходно барање од обвинителството поради основано сомневање за сторено кривично дело поврзано со изборите.
Со наредбата издадена синоќа и се наложува на полициската станица Кавадарци да го одземе видео записот и предаде на понатамошно постапување во обвинителството, пренесува Сакам да кажам.
„Тука престанува обврската на судијата на претходна постапка“, вели судијата Зоран Јосифовски од Основниот суд во Кавадарци. Тој информираше дека во судот има систем на дежурства и ќе се реагира веднаш при евентуално формирање на итни предмети.
Судската наредба е обезбедена откако вчера во полицијата стигнала пријава за обид за поткуп пред претстојните избори.
