Судот му направи брз тест на Миле Јанакиески за да дојде на судење
Судијата Горан Бошевски кој го води предметот "Траекторија" попладнето соопшти дека брзиот тест кој бил направен во домот на обвинетиот Миле Јанакиески е негативен по што поранешниот министер за транспорт и врски по изминати 2 часа беше спроведен во кривичниот суд.
Рочиштето продолжи со доказната постапка со сослушување на сведокот на обвинителството кој заедно со сите странки беше постојано присутен во големата судска сала.
Претпладнето рочиштето започна со доставен писмен поднесок од канцеларијата на адвокат Еленко Миланов со кој го известува Судот дека од денес 25.11.2020 година обвинетиот Миле Јанакиески е со Решение за изолација поради контакт со заболено лице од Ковид-19 па се до 01.12.2020 година.
Јанакиески ниту на 27 октомври не се појави на судењето за предметот „Траекторија“ поради самоизолација по контакт со заболен од Ковид-19. Случајот „Траекторија“ се наоѓа во доказна постапка и го води судијата Горан Бошевски, а застапник на обвинението е Лиле Стефанова. Во оваа афера обвинети се Миле Јанакиески, поранешниот вицепремиер Владимир Пешевски и ексдиректорот на ЈП „Државни патишта“, Љупчо Георгиевски, како и против поранешниот премиер Никола Груевски.
Јанакиески е обвинет и во „Талир“, „Титаник“, „Топлик“, „Шпански скали“, а првостепено е осуден за „Шамарите во Центар“.
Слично
