Судот издал налог, полицијата треба да ја носи Јанева од домот во Гевгелија кон затворот Идризово
Издаден е налог, полицијата добила известување и сега екс претседателката на Специјалното јавно обвинителство Катица Јанева треба да биде однесена од домот до затворот Идризово. Основниот суд во Гевгелија го издаде налогот откако ги комплетирал сите податоци од пресудата кои до нив стасале по мејл, а со која Јанева треба да издржува затворска казна од седум години, за случајот „Рекет“ во кој беше обвинета заедно со Бојан Јовановски- Боки 13.
Неделава прво Апелацискиот суд во Скопје ја потврди затворската казна, а вчера доцна попладне во Идризово беше однесен и Бојан Јовановски кој е осуден на 9 години за перење пари и рекетирање во истиот случај.
Кога ќе биде однесена, Јанева ќе остане во приемниот дел на затворот.
