Судот го прифати обвинението на СЈО против ВМРО-ДПМНЕ
Основниот суд го прифати обвинението на Специјалното јавно обвинителство за случајот „Талир“ за незаконскиот начин на финансирање на ВМРО-ДПМНЕ.
Обвинителниот акт на СЈО е прифатено на јавна седница и веќе е одредено кога ќе стартува процесот, односно предметот е насочен за судење, но повеќе детали ќе се знаат по празниците, потврдија од судот за ТВ24.
Според образложението на СЈО, во периодот од 2011 до 2015 година сега веќе обвинетите, организирале средствата да бидат уплатени на жиро-сметката на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ преку готовински уплати на уплатници ПП10 во кои биле внесени невистинити податоци дека уплатата ја вршат лицата наведени во уплатниците.
Засега во овој случај пресуда има само за Еизабета Чингароска, која во замена за признавање на вина доби условна казна. Таа како претседател на Комисијата за хартии од вредност го одобрила уплаќањето на уплатниците без име и презиме од оној кој донира за партијата.
Кирил Божиновски, Миле Јанакиески, Илија Димовски, Леко Ристоски и ВМРО-ДПМНЕ како правен субјект ќе бидат обвинети во овој случај.
СЈО веќе го замрзна имотот на ВМРО-ДПМНЕ, односно неговото седиште - палатата Христо Татарчев како и 68 други објекти.
