Судот го отклучи „Трезорот“, обвинетите на слобода
Кривичниот суд не го прифати барањето на СЈО за изрекување на мерка на претпазливост за еден обвинет од случајот Трезор кој требаше да заврши во притвор додека се води судската и истражната постапка. Според судот барањето на СЈО било неосновано.
СЈО исто така побара и изземање на судијата кој е назначен за водење на случајот „Трезор“ во кој се покренати обвиненија за оштетување на државниот буџет од околу 800 илјади евра при набавка на опрема за прислушкување.
Од Кривичниот суд наведоа дека со ова СЈО дополнително влијае на одолговлекување на постапките кои тие самите ги покренуваат до овој суд. За останатите тројца обвинети се побара поблаги мерки на претпазливост со одземање на патните исправи и забрана за напуштање на државата.
