Економија, финансии, бизнис

Контакт

Судот го одобри притворот за газдата на градежната фирма и работникот за предизвиканиот пожар во Велес

Судот го одобри притворот за газдата на градежната фирма и работникот за предизвиканиот пожар во Велес

Основниот суд Велес го одобри барањето од Јавното обвинителство и одреди 30-дневен притвор на газдата на градежната фирма и ангажираниот работник кој со апарат за брусење предизвика неконтролиран пожар кај рекреативниот центар Младост во близина на Велес по што беа уништени стотици хектари шумски фонд пред три дена.

Полицијата истиот ден уапси четирите лица а истрагата го опфати и одговорниот на градежната компанијата како и самата фирма која ангажирала градежни работници за извршување на работи во регионот. 

Тужбите се однесуваат на предизвикување тешки кривични дела за општата безбедност, а казната може да биде и 10 години затвор: За фирмата се предвидува парична казна. 

За преостанатите уапсени, судот го прифати барањето на обвинителството за предложените мерки на претпазливост.

Пожарот во Велес бил пријавен во полицијата во понеделникот во 11 и 35 минути. Тоа го сториле самите четворица градежни работници. Гасењето траеше скоро 10 часа. Ангажирани беа пожарникари од повеќе градови, војници, припадници на Дирекцијата за заштита и спасување, Центарот за управување со кризи и јавното претпријатие „Македонски шуми“.


Слично

Поврзани вести