Економија, финансии, бизнис

Контакт

Судот го одобри обвинението за „Рекет“

Судот го одобри обвинението за „Рекет“

Кривичниот суд во Скопје го прифати обвинението од Јавното обвинителство за организиран криминал и корупција за случајот „Рекет“ со што наскоро може да се очекува да биде одреден датумот за почеток на судското рочиште.

На 10 октомври беше поднесено обвинение за случајот, а обвинети во овој случај се Бојан Јовановски, Катица Јанева и Зоран Милески – Кичеец.

Според соопштението, отфрлени се приговорите поднесени од осомничените во случајот од страна на Советот за оценка на обвинителен акт. 

Сега се очекува да биде оформен кривичен предмет и АКМИС системот да го распредели на понатамошно постапување.



Слично

Поврзани вести