Економија, финансии, бизнис

Контакт

Судот ги прифати предложените мерки од Обвинителството за Трајан Димковски и другите осомничени

Судот ги прифати предложените мерки од Обвинителството за Трајан Димковски и другите осомничени

Судија на претходна постапка ги прифати предложените мерки за претпазливост,вклучувајќи одземање патна исправа, на Обвинителството и за поранешниот заменик министер за земјоделство Трајан Димковски и другите осомничени кои вчера беа приведени од полицијата.

Тие се осомничени за давање неточни информации на владата односно за злоупотреба на службената положба и овластување со стоковите резерви.

Обвинителството бараше на осомничените да им се одземе патната исправа и да се јавуваат во суд.

Според обвинителството тие давале неточни информации до Владата поради што е направен отпис на 2.000 тони пченица и јачмен од државните резерви, а штетата на буџетот е околу 780 илјади евра.

Осомничени во случајот се и поранешен директор на Јавно претпријатие за берзанско работење „Агро Берза“, поранешен директор на Агенцијата за стоковни резерви Скопје, поранешен раководител во Агенцијата за стокови резерви и вешто лице.

Слично

Поврзани вести