Покажани сметките на Боки 13: Најголемата е 9.000 евра, вкупно изнесуваат 148.000
На денешното судско рочиште за случајот „Рекет“ се презентираа фискални сметки како материјални докази од трошењето на обвинетиот Бојан Јовановски.
Беа покажани повеќе од 20 сметки од 2019 година за купена облека од Боки 13 од брендирани бутици во Италија.
Најголемите сметки поединечно се по околу 9.000 евра, а најмалите од околу 300.. Вкупниот износ е 148.000 евра. Оваа сума била потрошена за три дена.
Во доказите беа презентирани и извештаи од мобилните телефони на Јовановски за комуникација на Ватсап со обвинетатат Катица Јанева.
На поранешната специјална обвинителка и испраќал фотографии од мебел за кој ја информирал дека е пристигнат.
Има и порака од пратеничката Фросина Ременски, инаку почесна претседателка на неговата организација Меѓународен сојуз, во која го известува дека „наводно утре ќе одлучувале за жалбата на Орце”, а Боки и одговара „ок”.
Почитани беа пораки и од комуникација меѓу Боки и Дејан Панделески од „Пелистерка“ каде се допишуваат за некои судски решенија и за пари за кои дел биле префрлени, а дел ќе се префрлат.
