Економија, финансии, бизнис

Контакт

Судот ги ослободи од обвинение браќата Георѓиевски за случајот „Ореше“

Судот ги ослободи од обвинение браќата Георѓиевски за случајот „Ореше“

Велешкиот суд ги ослободи од обвинение Ордан и Љупчо Георѓиевски кои беа обвинети дека извршиле нарачано убиство на 72 – годишниот старец од велешкото село Ореше. 

Ова се случува по скоро една деценија откако трае судскиот процес. 

Адвокатот, Звонко Давидовиќ, вели дека ослободителната пресуда била очекувана, бидејќи уште на стартот тој и неговите клиенти обвинуваа дека станува збор за монтиран случај.

За случајот „Ореше“ во затвор завршија судии, обвинители, адвокати. Жртва во случајот беше и новинарот Томислав Кежаровски кој одлежа неколку месеци во притвор обвинет дека го открил името на заштитениот сведок.

Слично

Поврзани вести