Економија, финансии, бизнис

Контакт

Се удриле на автопат - четворица со тешки повреди

Се удриле на автопат - четворица со тешки повреди

Неколку сообраќајки имало во текот на вчерашниот ден, соопшти Министерството за внатрешни работи. Една од нив е на автопатот Тетово-Скопје, после село Желино, при што повредени биле четворица. 

„На 07.01.2020 во 22:15 часот на автопатот Тетово – Скопје, после с.Желино, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „фиат пунто“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.С.(53) од с.Копанце и товарно моторно возило „мерцедес“, со албански национални ознаки, управувано од А.С.(47) од Р.Албанија. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот од возилото „фиат пунто“ Н.С.(28), а со телесни повреди се здобиле возачот и двете сопатнички Л.С.(49) и Т.М.(33) од истото возило, по што биле пренесени во Клиничката болница Тетово за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Тетово“, се вели во соопштението.

Слично

Поврзани вести