Економија, финансии, бизнис

Контакт

Судијката Лаличиќ нема да одлучува по барањата за притвор на СЈО

Судијката Лаличиќ нема да одлучува по барањата за притвор на СЈО

Контроверзната судијка Софија Лаличиќ нема да постапува по најновите барања на СЈО до Кривичниот суд за одредување мерки притвор на припадници на раководството на ВМРО-ДПМНЕ и други лица обвините за криминал и злоупотреби, пренесува Макфакс.

Лаличиќ се споменуваше и ја имаше во повеќе прислушкувани разговори кои ги објави СДСМ. Во бомбите Лаличиќ добива информација од Сашо Мијалков дека станала судијка и е изненадена, а исто така зборуваше дека нејзината колешка Лидија Петровска била „пушач“ и „гзолизач“ која и се „лигавела“ на Лидија Неделковска и ја дарувала со скапи подароци, меѓу кои и накит „Сваровски“.

Токму поради вмешаноста во бомбите Лаличиќ најверојатно побарала од претседателот на судот Рибарев да биде изземена од предметите.

Слично

Поврзани вести