СУДИЈКАТА ЈА СООПШТИЛА ПРЕСУДАТА ВО ЛИФТ: Девет години затвор за возачот кој прегази велосипедистка и избега
Судот во Битола го осуди на 9 години затвор лицето кое прегази велосипедистка и избега.
Пресудата е за обвинетиот Димитар Петрески за случајот со прегазената велосипедистка Анета Цветкоска.
Семејството обвинува дека судијката Цветанка Никодиноска предизвикала преседан во судството, односно наместо на закажано рочиште, таа пресудата ја соопштила усно, во лифт, на сопругот на жртвата.
Петрески, вработен во МВР, ја удрил Анета додека возела велосипед надвор од коловозот и избегал од местото на несреќата, без да пружи помош.
Слично
