Судијката ги отстрани од судница обвинетите во „Диво насеље“-тие обвинуваат дека судот не сака да ја чуе вистината
Судијката која што го води судењето за кумановска „Дива населба“ ги отстрани обвинетите од судницата, поради нивното бурно реагирање по одбиените предлози на одбраната, пренесоа дел од медиумите.
Одбраната бара да бидат изземени судечкиот совет на чело со судијката Верка Петковска, претседателот на Кривичниот суд Стојанче Рибарев и претседателот на Врховниот суд Јово Вангеловски.
Сите обвинети како што пренесе Тв24 поединечно почнале да стануваат и да зборуваат без одобрение од судијката која еден по еден ги отстранила од денешното судење.
Во своите искази тие велеле дека судот не сака да ја чуе вистината и дека сите нивни предлози се одбиени со цел да не се најдат организаторите на случувањата во кумановската „Диво насеље“.
Како што се наведува адвокатите барале во случајот да бидат сослушани поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, како и поранешниот шеф на Дирекцијата за безбедност и контраразнузавање, Сашо Мијалков.
Во случајот „Дива населба“ се обвинети 37 лица за тероризам и терористичко здружување.
