Економија, финансии, бизнис

Контакт

Судијката Димишкова: Под моето возило забележав некакви хартии

Судијката Димишкова: Под моето возило забележав некакви хартии

Судијката Весна Димишкова, позната по тоа што изминатиот ноември му изрече притвор на екс-директорот на Управата за безбедбност и контраразузнавање Сашо Мијалков денес изјави дека не користи полициска заштита, иако пред еден месец имало оставени хартии под нејзиното возило.

- „Не знам од каде сега вакви работи. Точно е дека пред повеќе од еден месец под моето возило забележав некакви хартии, но за тоа само го известив мојот претпоставен, а тој ја информирал полицијата. Во вакви ситуации полицијата е таа којашто врши безабедносни проценки, а не јас. Овој инцидент се случи некако во исто време кога им се изрекуваше притвор на осомничените во случајот 'Империја', односно пред повеќе од еден месец и затоа не во ред да се објавува нешто што се случило пред подолго време, а тоа да се прикаже како да се случило пред само неколку дена“.- изјави Весна Димишкова.

Судијката Димишкова стои зад притворите на сите осомничени во предметот наречен „Империја“, кои до Нова година беа во истражниот затвор Шутка.

Димишкова е позната и по тоа што го потпиша налогот на првиот претрес на СЈО и обвинителката Катица Јанева во УБК.


Слично

Поврзани вести