Судијата Теофиловски се појави, одведен е на распит
Судијата Зоран Теофиловски утринава сепак бил на распит во Кривичниот суд. Членот на Судскиот совет сам се пријавил и се повикал истовремено на судскиот имунитет.
Тој во текот на целиот вчерашен ден беше недостапен за полицијата откако беше покрената акцијата за истрага за нелегална приватизација и легализација на државен имот во Тетово.
Теофиловски е осомничен за злоупотреба на службената должност откако кон крајот на август 2011 година, како претседател на спортско здружение Љуботен Тетово, со намера противправно да се изврши упис на право на сопственост, поднесувајќи лажни докази, почнал постапка за легализација.
Обвинителство за организиран криминал и корупција отвори истрага против осум лица за злоупотреба на службена положба и овластување во која приведени вчера беа службеници од Општина Тетово.
