СУДИЈА ОД ВРХОВЕН СУД ЗАВРШИ ЗАД РЕШЕТКИ - фатен во моментот кога добивал мито
Полицијата денеска уапсила судија од Врховен суд поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело „примање награда за противзаконито влијание“.
Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, судијата е лишен од слобода на лице место при извршување на кривичното дело, објави МИА.
Од МВР дополнуваат дека се чекаат понатамошни насоки од надлежен јавен обвинител.
Уапсениот судија има право да се повика на судиски имунитет за кој одлучува Судскиот совет на седница на Советот со мнозинство гласови од вкупниот број членови со право на глас.
Од Судски совет за МИА информираа дека засега немаат добиено информација.
Од Телма пак јавија дека уапсен е судијата Наќе Георгиев, кој според нивни сознанија, добиени од полициски извори е приведен поради мито од 10.000 евра и е префрлен во полициската станица Кисела Вода во Скопје.
Слично
