Економија, финансии, бизнис

Контакт

„СУДИИТЕ ИМААТ ОРГАНИЧЕН ИМУНИТЕТ“: адвокатот Додевски ја разјаснува дилемата за можноста за апсење на судијата Ѓоко Ристов

„СУДИИТЕ ИМААТ ОРГАНИЧЕН ИМУНИТЕТ“: адвокатот Додевски ја разјаснува дилемата за можноста за апсење на судијата Ѓоко Ристов

Случувањата околу претресите на домовите на судијата од Апелациониот суд, Ѓоко Ристов,  кој е опфатен во истрагата околу митото кое го примил адвокатот и пранешен државен правобранител Фехми Стафа, предизвикаа бурна дебата во јавноста. 

По информациите дека не е познато каде е судијата Ристов, кој од средата не одел на работа во Апелациониот суд во Скопје, и имал отворено боледување, јавноста постојано прашува каде е судијата и дали за него се бара притвор или не. 

Дополнително, низ медиумите се шират информации за имунитетот на судиите, и дека судијата Ристов, не може да биде уапсен, пред Судскиот совет да го тргне неговиот имунитет. 

На оваа тема, адвокатот Никола Додевски во телевизиско гостување во дневникот на телевизија Сител потенцира дека имунитетот на судиите е ограничен и дека не важи за секоја ситуација, туку само во одредени сегменти. 

Еве го неговото објаснување:



За потсетување, во текот на викендов беше објавено дека во домот на родителите на судијата Ристов во Неготино била откриена сума од 350 илјади евра заѕидани во посебен дел заштитен со плочки. 

Парите беа пронајдени при претрес на куќа на неговите родители во Неготино, а претходно била проверувана викендица на судијата во близина на Неготино, а пред еден месец имало и претрес во друг објект. Се користеле и специјални апарати за проверка на внатрешноста на ѕидовите. 

Истрагата е отворена на средината на декември, по апсењето на адвокатот и поранешен државен правобранител Фехми Стафа кој како бранител на бегалецот Љупчо Пецов Ѓаволот му зел 50.000 евра за да му „среди“ и подмити судија за замена на затворскиот притвор со домашен.  

Не се откри идентитетот на судијата, само дека е од Апелациониот суд. Стафа заврши во притвор, а Пецов, кој е сограѓанин со Ристов, односно поттекнува од Неготино после двегодишно бегство доби куќен притвор.

Фото: Принтскрин/Фејсбук

Слично

Поврзани вести