Економија, финансии, бизнис

Контакт

СУДИИТЕ ЃОКО РИСТОВ И ЕНВЕР БЕЏЕТИ ДА ОБЈАСНАТ ВРЗ ОСНОВА НА ШТО МИЈАЛКОВ ИЗЛЕГУВА ОД ПРИТВОР: Министерот Маричиќ со остра реакција

СУДИИТЕ ЃОКО РИСТОВ И ЕНВЕР БЕЏЕТИ ДА ОБЈАСНАТ ВРЗ ОСНОВА НА ШТО МИЈАЛКОВ ИЗЛЕГУВА ОД ПРИТВОР: Министерот Маричиќ со остра реакција

Министерот за правда реагира по одлуката на Апелацискиот суд во Скопје да го пушти од притвор Сашо Мијалков. Во статус на Фејсбук оценува дека ваквата одлука ја намалува и онака разнишаната доверба на граѓаните во судовите.

Потсетувам, пишува министерот за правда, дека Мијалков беше лице под реален ризик за бегство и повод за настани кои ја вознемирија целата македонска јавност.

-Судиите на Апелациониот суд во Скопје Ѓоко Ристов и Енвер Беџети кои ја донесоа оваа одлука треба да и објаснат на јавноста на кој основ ја донеле ваквата одлука и на кој начин ќе ја преземат одговорноста доколку се случи повторно ризик од бегство. Судот иако е независен, должен е јавно да ги објаснува своите одлуки за да можат граѓаните да веруваат во судството. Апелирам до Судскиот совет да испита по која основа судиите ја донеле оваа одлука, напиша Мариќиќ на Фејсбук. 

Инаку Апелациониот суд одлучи да го прифати барањето на Мијалков и да му го укине притворот со гаранција од 11,1 милион евра. Се дознава дека Вишото јавно обвинителство сепак одбило бизнисменот да си оди дома поради ризик од бегство.


Слично

Поврзани вести