Економија, финансии, бизнис

Контакт

Судиите барале повисока плата, Спасовски им рекол - правиме анализи

Судиите барале повисока плата, Спасовски им рекол - правиме анализи

Премиерот Оливер Спасовски денеска примил Делегација на Здружението на судии, предводена од претседателот на здружението Џемали Саити, а на средбата присуствувала и министерката за правда Рената Десковска.

Според премиерот, Владата останува посветена на дијалогот со Здружението на судии до постигнувањето на крајната цел – исполнување на нивните барања, меѓу кои и зголемувањето на коефициентот на плати на судиите.

„Овој процес треба да се води низ дијалог и партнерство. Врз основа на вашиот предлог за зголемување на платите, потребно е да се направи анализа и во Министерството за финансии, и да се утврди динамиката на изготвување законско решение за овие барања“, им порачал Спасовски на судиите.

„Претседателот на здружението на судии, Саити, изрази задоволство од текот на дијалогот со Владата и од инклузивниот процес кој овозможува решавање на прашањата од интерес на судиите и судството. Претставниците на Здружението истакнаа дека продолжуваат разговорите со Владата и дека е забележан напредок за сите отворени прашања. Разговорите за зголемување на коефициентот на платите продолжуваат и беше потврдено дека за ова прашање веќе е формирана работна група“, соопшти Владата. 

Додаваат дека претставниците на Здружението на судии изразиле оптимизам и од претходната средба со Министерката за правда Рената Десковска. 

Слично

Поврзани вести