СУДЕШЕ ВО „27 АПРИЛ“, „ПОТКУП“ И „ЛАСКАРЦИ“: Која е судијката што го води предметот за пожарот во „Пулс“ во Кочани?
Вчера во судницата на Основен кривичен суд Скопје, лоцирана во комплексот „Идризово“, почна судењето за трагичниот пожар во Кочани. Судскиот совет ќе го предводи судијката Диана Груевска Илиевска, а нејзин заменик ќе биде судијата Ахмед Идризи заедно со четворица поротници (еден е резервен).
Името на судијката се поврзува со големи случаи во минатото. Таа станала судијка во 2006 година, а пред да стане судија, работела како стручен соработник во судот 17 години.
Работела на предмети како Ласкарци - случајот со автобуската несреќа во кој загинаа 16 лица и 37 беа повредени. Нејзиното име се поврзува и со предметот „27 април“ и „Поткуп“ - предмет против екс премиерот Зоран Заев, а му судеше и на екс премиерот Владо Бучковски за набавката на резервни тенковски делови.
