Економија, финансии, бизнис

Контакт

Судењето за УБК се одложи поради болест на судијка, Грујовски не се појави

Судењето за УБК се одложи поради болест на судијка, Грујовски не се појави

Расправата за денешното рочиште за случајот „Тврдина 2“ се одложува за 5 мај поради болест на судијката Лидија Петровска.

Во судницата не се појавиле ниту првообвинетиот Горан Грујовски и шесте служеници од Управата за безбедност и контраразузнавање и Министерството за внатрешни работи.

Од одбраната тврдат дека минатата недела побарале увид во предметот, па така тие биле известени дека судијката е на боледување и затоа никој од обвинетите не се појавил на суд.

Од СЈО го информираа Судот дека добиле одговор од министерот за внатрешни работи Агим Нухиу во однос на барањето за декласификација на докази, поточно министерот издал две решенија со кои се декласифицираат поголем број на докази, но негативен одговор добиле на барањето за декласификација на деловодните книги на УБК. 

Обвинтелката од СЈО, Ленче Ристоска изјави дека ги предала решенијата до судијката, со кои министерот за внатрешни работи Агим Нухиу,  дал наредба до УБК да се декласифицираат доказите за судска постапка. 

Предметот „Тврдина 2“ се однесува за уништување документација поврзана со опремата од незаконското прислушување, за што Специјалното јавно обвинителство на 15 септември лани поднесе обвинение против седум лица. 

Слично

Поврзани вести