Судењето за „Траекторија“ ќе почне од почеток откако судијата Бошевски е разрешен
Судскиот совет го разреши судијата Горан Бошевски од Кривичниот суд Скопје кој го водеше случајот на Специјалното јавно обвинителство „Траекторија“, во кој беше обвинет eкс премиерот Никола Груевски.
„Разрешен е еден судија поради нестручно и несовесно вршење на судиската функција и времено е оддалечен од вршење на судиската функција“, соопштија од Судскиот совет.
Со разрешувањето на судијата Горан Бошевски, освен случајот „Траекторија“, од почеток ќе стартува и судењето за „Талир 1“, предмет отворен од поранешното СЈО. Во овој случај Бошевски беше втор судија, заедно со Осман Шабани. Станува збор за случајот со изградба на автопатите, односно делниците Миладиновци – Штип и Кичево – Охрид, и финансирањето на ВМРо-ДПМНЕ.Судскиот совет на денешната 377-та седница разреши еден судија и избра претседатели на основните судови во Гостивар, Дебар, Гевгелија и Свети Николе.
Слично
