Економија, финансии, бизнис

Контакт

Судењето за „Пуч“ одложено - ќе продолжи на 1 ноември

Судењето за „Пуч“ одложено - ќе продолжи на 1 ноември

Судскиот процес за случајот „Пуч“ се одложи за 1 ноември. 

Нема поротник и не може да се комплетира Судскиот совет, соопштија од судот.  Во судницата беа присутни сите обвинети, како и обвинителката Катица Јанева.

Меѓу обвинетите се лидерот на СДСМ, Зоран Заев и поранешниот разузнувач, Зоран Верушевски.

„Ова што денеска се случи во Кривичниот суд е доказ како ова институција се држи под контрола на власта. Судењето се одложи бидејќи судот не му доставил покана на Груевски, а за да го покрие неговото неприсуство, рекоа дека се разболел поротник“ - изјави Заев. 

Јанева вели дека непотребно процесот се одолговлекува. 

„Реагирав на одлуката на судот да не го повика мојот сведок Груевски. Исто така реагирам и за тоа што не ви беше дозволено на вас новинарите да влезете внатре. Се надевам дека ќе присуствувате на наредното рочиште“ - кажа Јанева.

Во  „Пуч“, за неовластено прислушување се обвинети Заев, Верушевски, поранешен прв човек на ДБК, неговата сопруга Соња Верушевска, Ѓорѓи Лазаревски, поранешен вработен во МВР и струмичанецот Бранко Палифров. 

Слично

Поврзани вести